НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изборната комисија во САД нема да постпува за примена на вештачка интелегенција во изборна кампања

Ова е политичко видео од кампањата на Де Сантис за која експертите велат дека вклучува лажни слики на кои се прикажува поранешниот претседател Доналд Трамп како се прегрнува со својот поранешен главен медицински советник д-р Ентони Фаучи.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, ќе се кандидира против Трамп во трката за номинација на републиканците за претседател на САД.

Сликите беа испитани во емисијата за разоткривање на дезинформации насловена како „Потврди“, која користеше обратно пребарување на слики за да утврди дека три од сликите се лажни.

  • „Ако повнимателно ги погледнете сликите, можете да видите повеќе докази дека се генерирани со вештачка интелигенција. Наместо да пишува Белата куќа, пишува Мефап. Вештачката интелигенција често има проблем да генерира точен текст. На оваа слика, на раката на Трамп му недостасува палец”, вели репортерот на „Потврди“, КЕЈСИ ДЕКЕР.

Со порастот на генеративната вештачка интелигенција, ќе растат и овие типови на лажни слики наменети да ги поколебаат гласачите, вели Лиза Гилберт од непрофитната организација за застапување на потрошувачите.

  • „Една од работите што вештачката интелигенција може да ја направи, особено генеративната вештачка интелигенција, е создавање фалсификати на видео или аудио – што изгледа реално и невозможно да се препознае со голо око од вистинското видео“, вели извршната ПРЕТСЕДАТЕЛКА ЛИСА ГОЛБЕРТ од непрофитната организација Паблик Ситизен.

Од таму, побараа од Федералната изборна комисија на САД да воспостави правила за рекламирање на политички кампањи кои користат лажни слики генерирани од компјутер – бидејќи така би можеле погрешно да ги претстават политичките ставови на кандидатот, што е нелегално.

На 22 јуни, комисијата што ги спроведува изборните правила во САД гласаше да не преземе никакво дејство.

Комесарот Ален Дикерсон, кој беше назначен од поранешниот претседател Доналд Трамп, на состанокот рече дека тие немаат јурисдикција за ова прашање.

  • „Конгресот ни даде строго ограничени овластувања. Нашата јурисдикција за оваа точка е ограничена на случаи кога кампањата лажно се претставува себеси дека дејствува, цитира, во име на кој било друг кандидат. Тие треба да го разгледаат ова со Конгресот“, вели комесарот АЛЕН ДИКЕРСОН.

Непрофитната организација го нарече „шокантен неуспех дури и за една озлогласена ненамерна агенција“. Гилберт вели дека политичкиот изборен момент е на пресврт со генеративната вештачка интелигенција.

  • „Тоа е нешто како моментот кога е измислен интернетот. Ќе видиме море од промени. И замислете, кога беше измислен интернетот, да го знаевме она што го знаеме сега за неговото влијание и да можевме да создадеме соодветни заштитни огради за да ги заштитиме луѓето тогаш? Тоа е моментот во кој се наоѓаме сега“, додава Гилберт.

Во моментов има предлог-закон во Конгресот со кој се бара обелоденување на содржината генерирана од вештачка интелигенција во политичките реклами.

JOВАНЧО НАУМОСКИ, Глас на Америка – Вашингтон