Избори во Судскиот совет: За две празни места се тркаат тројца контроверзни кандидати

Сестра на пратеничка, судија со запрена постапка за несовесно работење на контроверзен начин и кавадаречки судија кој е извикан во фелата и со скандали зад себе. Вака изгледа профилот на кандидатите за нови членови во Судскиот совет, за кој денеска гласаат судиите од апелационите подрачја, Врховниот суд и Управните судови.
Во трката за две столчиња се тројца кандидати и тоа според нивниот профил секој од нив е контроверзен и некомптентен.
Наќе Георгиев, кој доаѓа од штипска апелација е судијата за кого 6 месеци не се разгледуваше претставката за несовесно работење, за на тајна седница колегите да одлучат дека тој нема одговорност. 10 штипски бизнисмени бараа утврдување одговорност за несовесното работење на Гергиев за периодот кога тој шефувал со апелација. Не само за него, бизнисмените барале одговорност од уште тројца судии за иста работа во. Останатите судии добија шут од Советот, но не и Георгиев, тој е во трка за повисоко столче во судскиот систем.
Лазар Нанев, судијата кој седи на претседателското столче во кавадаречкиот суд. За овој судија во јавноста проструија информации дека со 7 милиони денари европски пари отворил невладина во која фигурира само тој. Нанев беше и претседател на комисијата за проверки на АКМИС системот на Министерството за правда во 2017 та година.
Од таа позиција е повлечен, но затоа пак не се откажува од хонорарот на Фудбалската Федерација на Македонија. Тој е делегат на ФФМ. Минатата година во друштво со обвинителката Фатиме Фетаи и тогашниот министер Тупанчевски следеа натпревар во Италија на државна сметка.
Третата кандидатка судијката Антоанета Димовска е судијка која си ја проба среќата да замине во Уставен суд. Откако не успеа да стане уставна судијка, нејзината амбиција е да влезе во највисокото судско тело. Она што е спорно е тоа што таа е сестра на актуелната пратеничка од редовите на СДСМ Снежана Калевска Ванчева. За Димовска нема никаков проблем тоа што сестра и е во власта, и како што вели требало да се бира квалитет, а да не се гледаат роднинските врски.
Пред повеќе од месец, двајца членови се поднесоа оставки бидејќи не се согласуваат со работата на ова тело.
Иако меѓународната заеднаца Судскиот совет го прогласи за нелегитимно тело, тие одлучија да се екипираат со нови членови.
Паула Костадиноска