Идните антикорупционери ќе се бираат на конкурс по новиот закон

Собраниската комисија за избори и именување го поништи огласот за избор на членови на Антикорупциска распишан според старото законско решение. Сега на потег е спикерот Џафери кој треба да распише нов оглас, но откако новото законско решение кое власта и опозицијата едногласно го изгласаа ќе биде објавено во службен весник и стапи во сила. ТРеба да се утврдат роковите во кои ќе може да се аплицира, па строгите критериуми кои ги предвидува новиот закон. Во рок од 10 дена од објавувањето на огласот Собраниската комисија треба да избере седум пратеници кои ќе прават селекција на кандидатите.

Од лани во март Антикорупциска е нефункционална откако ревизорите нотираа сериозни сомневања за малверзациите од страна на членовите, како фалсификувани сметки, лажни патни налози, нереални суми за изнајмување на станови во Скопје. Тогаш петмина од нејзините седум членови си поднесоа оставки, меѓу кои и тогашниот претседател Игор Тантуровски.