„Игра на тронови“ во македонското правосудство – Политиката да ги оттргне канџите од судиите и обвинителите

Игра на тронови, поделба на кланови, закажување – одложување седници, пролонгирање – побивање на рокови, договарања – накратко ова е сликата во македонскиот правосуден систем во последните 30 денови. Советот на јавни обвинители во центарот на вниманието, тврди дека сака да се тргне од политичкото влијание ама никако ни чекор да направи. По скандалозниот избор на Абази, обвинителите сега пред нови избори кои се недели се пролонгираат. Дека Советот на јавни обвинители постојано бил и е под силно дејство на политичките партии потврдуваат и правниците, а зад одлуките кои ги носат повеќе од очигледно е политичкото влијание.  

  • Гледаме дека и непосредниот избор на обвинители не значи многу, односно кога  политиката наоѓа можност да пенетрира и да го остварува своето влијание. Не го знам господинот Арслани, не ме ни интересирало, но како што кажавте тие координации се повеќе од очигледни, Совет на ЈО, политички фактори кои што работат од позадина и.т.н. Не знам и зошто се чека писмената оставка на колешката Фетаи ако е веќе евидентно дека изглегува од трката и остануваат двајца кандидати“ – вели адвокатот Митровски.

Дека има партиски влијанија кои не се нови во обвинителството коментираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. На клучните позиции во борбата со криминал и корупцијата се форсираат кадри под политичка капа, а разочарувањето кај народот е се поочигледно дециден е професорот.

  • Тоа не е сигурно нешто да посакуваме, да форсираме кадри на истакнати, битни позиции, како што практично ударна тупаница во борбата со криминалот и корупцијата, кои што се под партиска влијанија. Партиските влијанија не ни се нови, а она што мене најмногу ме загрижува е она што го разочарува народот. Колку што може да се види по социјалните мрежи. И самата институција, обвинителите самите по себе немаат базичен интегритет. И во едно тајно гласање гласаат за личност што ќе им биде кажана “, изјави за Алфа, професорот Калајџиев.  

Од друга страна, не така далечно минато се и изборите за главен обвинител во Организиран криминал и корупција кои не поминаа не скандалозно. Комични се и политичарите кои првично му честитаа на новиот шеф на Организиран, Абази, сега да го заземат ставот на американската амбасадорка, откако таа ја искритикува транспарентноста во изборот коментираат познавачите.

  • Една аномалија на системот, односно да Ковачевски го менува мислењето аналогно на мислењето на амбасадорот на САД, што многу јасно покажува кој е кој во државата. Но, од друга страна, не е дека реакциите на амбасадата на САД се неоправдани и неиздржани. Бидејќи се виде дека и со еден ваков систем, „наводно понапреден“, самите да ги бираат шефовите, може да се влијае“, коментира Јанаки Митровски – адвокат. 

По втор пат во две недели беше одложен и изборот на шефови во Вишите обвинителства во Скопје и Гостивар, а и во пет основни. Членовите во Советот прво бараа време за разгледување на оцените, за вториот пат да одложат поради немањето кворум. Но и овој избор не помина без турбуленции бидејќи Фатиме Фетаи ја повлече кандидатурата откако пропадна првиот избор, а на членот на Советот, Фаик Арслани оставката без наведена причина му беше експресно прифатена за да учествува во изборот за шеф на гостиварското вишо обвинителство.

Викторија Миткова

Advertisements