});

Играчите и тренерот на Лестер веднаш по натпреварот со Кардиф ќе одат во Бангкок на погребот на сопственикот на клубот

Фудбалерите на Лестер ќе присуствуваат на прошталната церемонија за сопственикот на клубот Вишај Шриваданапраби, која ќе се одржи денеска во Бангкок.

Церемонијата ќе биде според будистичките традиции и ќе трае неколку дена.

Како што соопшти „Скај Спорт“, веднаш по натпреварот од Премиер лигата со Кардиф Сити, делегација на играчи и тренери од Лестер ќе оди во Бангкок.

Сопственикот на Лестер загина минатата недела во хеликоптерска несреќа непосредна близина на стадионот на неговиот клуб.