Ивановска до Груби: Кога се е наопаку, дното е на површина

Kога се е наопаку, дното е на површина. Oва е реакцијата на Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција на констатацијата на првиот вицепремиер Артан Груби дека антикорупциска „не ја бива“. Груби изрази незадоволство од работата на антикорупционерите, иако како што рече самиот ги избирал.

Стигна и соопштение од антикорупциска во кое се вели:

„Во право сте г. Груби, антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се постапи по нив. Да ве потсетиме дека четири години по ред во извештајот на ек за напредокот на земјата, добиваме позитивни оценки за својата проактивност и отворање случаи против високи функционери, што е директна потврда за оправданоста на нашето работење и за ажурноста на комисијата токму во овој состав.

Од Антикорупциска му порачуваат на првиот вицепремиер дека имаат капацитет да се изборат со оркестрираните напади.

Advertisements