Ибраимовски: Македонија да фати чекор со ЕУ во врска со правата на ЛГБТ заедницата

Македонија мора да го следи трендот на развиените земји од ЕУ кога се во прашање правата на припадниците на ЛГБТ заедницата. Пратеникот од владејачката коалиција Самка Ибраимовски порача дека нашата земја треба да биде во чекор со времето и затоа мора да се унапредат правата на сексуалните малцинства.

Невладините, пак, најавија парада на гордоста која за прв пат ќе се одржи во земјава. Настанот е закажан за 29-ти јуни.