Зошто Ченто и АСНОМ годинава паѓаат во втор план за одбележување на 2-ри Август – Илинден?

АСНОМ и Ченто паѓаат во втор план. Владата се реши централното одбележување на јубилејната 120 годишнина од 2-ри Август во Скопје, да биде на калето , наместо како досега пред споменикот на АСНОМ во Жена Парк и пред споменикот на првиот претседател Методија Андонов Ченто на градскиот плоштад.

Ако со годинини наназад, главната манифестација за одбележување на 2-ри Август, годишнината од Првото заседание на АСНОМ беше тука пред споменикот на Методија Андонов Ченто, годинава тоа нема да е случај. Владината манифестација ќе се одржи на скопското Кале.

Поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, на иста линија со историчарите дека Скопското кале за АСНОМ и Илинден не е од никакво значење. Маневски, кој учествувал во минатогодишните одбележувања, наметнува повеќе дилеми, зошто Владата се решила за прослава на Кале кога има десетици други места кои историски се поврзани со 2-ри Август и македонската држава.  

  • Зошто скопското кале го одбрала Владата да го добележува Илинден,сега после толку години. Треба да се знае дека скопското Кале е поврзано со некои работи кои не се до крај разјаснети, кои не се во прилог за она што треба да значи одбележување на 2-ри Август – Илинден. Зошто се напушти одбележувањето на чествувањето на Илинден на скопскиот плоштад пред споменикот на Методија Андонов Ченто“ вели Маневски.

Ковачевски на тврдината во Скопје, ќе биде придружуван од вицепремиерите Артан Груби, Фатмир Битиќи и министерката Славјанка Петровска. На истото Кале кон кое Груби фрлаше камења во 2011година, сега ќе држи говор.  Ниту граѓаните не се сеќаваат за прослава на скопското Кале на ден Илинден. Оваа година скромниот буџет ќе ја скратат и онаа мала прослава што се правеше по повод овој голем ден за македонската држава велат пред камерата на Алфа.

Телевизија Алфа постави прашање до Владата зошто токму скопското Кале е избрано за локација каде ќе се чествува најголемиот државен празник.Иако прашњето е кристално јасно, од Владата добивме одоговор, во кој, нема одговор на нашето прашање.

АЛФА ТВ ПРАШАЊЕ: Зошто Владата се одлучи за прославата да биде оддржана на скопското Кале за 120 годишнината од Илинденското востание? 

ОДГОВОР ВЛАДА: Согласно ротациите кои се спроведуваат за секое одбележување на Денот на Републиката – 2 Август Илинден помеѓу Претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија и Владата на Република Северна Македонија, оваа 2023 година Владата празникот ќе го одбележи во Скопје, Собранието во Крушево, а Претседателот на државата празникот ќе го одбележи во Пелинце.

Течат и последните три дена од одбележувањето на големиот државен празник 2- ри Август, но владата нема ниту рекламен спот, ниту музичка композиција, банери и телевизиски најави.

Advertisements