Зошто родителите чекаа 5 за 12 за да ги вакцинираат децата?

Родителите да не веруваат на информациите дека МРП-вакцините можат да го зголемат ризикот од аутизам и да ги заштитат своите деца. Ваквите тврдења се неосновани, апелираат лекарите и порачуваат, освен имунизација, друг лек за морбили нема.

Од вакциналниот пункт во поликлиниката „Букурешт“ велат дека кај ниту едно дете од вакцинираните таму, не се јавила било каква компликација по примање на МРП.

На прашање на Алфа дали сите здравствените работници во овој пункт се вакцинирани, бидејќи ова е вклучено во мерките на здравствените власти по прогласување на епидемија, од таму посочија дека медицинскиот тим не е целосно имунизиран, па ќе се чекаат да дојдат на ред, откако ќе се вакцинираат сите деца.

Од Министерството за здравство велат дека ниту едно невакцинирано дете нема да може да влезе во градинка и во училиште.

Според надлежните и покрај контрадикторноста во Законот за задолжително основно образование, никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту со својата волја да го загрозува правото на детето да биде здраво.

Здравствените власти со месеци се двоумеа дали е неопходно да се прогласи епидемија на морбили на ниво на држава. Ваквата „одлука“ падна пет месеци од првиот регистриран случај на мали сипаници во градинка во Радишани, три починати деца и околу 1000 заразени.

Сања Трајковска Ставров