Зошто власта потпиша договор со „Ептиса“ за надзор на коридорот 8, за која тврдеа дека е криминална?
За надзор на коридор 8 и 10 Владата потпиша договор со фирма за која самите претходно рекоа дека е криминална. Со ова власта докажува дека и е важно кој ќе биде надзор, за да може да потпишува што ќе им се каже, а не реално што се случува на терен, изјави преседателот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Свети Николе.
„Проектите кои се предвидени да бидат дел од коридорот 8 и 10, бидејќи таму нема проекти и ќе се плаќа врз основа на затекната ситуација на терен ,а зависи од тоа колку ќе прифати супервизорот, односно затоа на власта им е важно кој ќе биде новиот надзор за да може да надаваат колличини, односно од првичната цена од 1,5-1,7милјарди не би ме зачудило да дојде до 2 или 2,5 милјарди кои ќе ги плаќаат граѓаните„- изјави Христијан Мицкоски.
Тендерот за супервизија, за надзор на проектите поврзани со коридор 8 и 10 чини 22 милиони евра, а го добива Конзорциум од една фирма во којашто е и шпанската Ептиса, за која пред неполни три години владата на сите државни институции и општини им забрани да ја ангажираат на тендери над 1 милион евра поради незаконско, неетичко и неодговорно постапување во надзор на работите на пругата Куманово-Белковце.
„Во 2021 година во ноември, четири месеци по поминување на специјалниот закон во Парламентот, Министерството за транспорт и врски ја надсихронизира Владата и му дава позитивна референца на овој правен субјект. За да потоа се објави тендер за надзор кој го објавува ЈПДП каде што е кадар на ДУИ и 7дена пред истекот на рокот за поднесување на пријави ја менуваат суштински тендерската документација, односно претходно ревизорскиот извештај кој треба да биде позитивен го менуваат делот да бидепозитивен и останува само да биде ревизорски извештај и го продолжуваат рокот за уште 7 до 8 дена„ изјави Мицкоски.
Дали има корупција во изборот на фирмата која треба да врши надзор и да дава консултанстки услуги за изградба на коридор 8 и 10 истражува и Антикорупциска.
Александра Ристевска