Зимувањето станува луксуз, граѓаните се жалат дека немаат пари – туристичките агенции потврдуваат слаб интерес

Како опција за бегство од загадениот воздух на граѓаните им се нудат ски центите и плалните. Но имаме ли пари да си дозволиме зимување. Ако некогаш се подразбираше дека зимскиот распуст се помува на планина во денешно време тоа не е така. Безпарицата не го дозволува тоа велат граѓаните, туристичките агенции забележуваат слаб интерес.

Нискиот животен стандард, безпарицата, но последиците од пандемијата го скратија задоволството наречено зимување. Ако некогаш на зимување се одеше без размислување, сега математиките не го дозвлуваат тоа, велат анкетираните граѓани пред камерата на Алфа. Парите ја изгубија вредноста едвај ги плаќаат сметките и ги полнат фрижидерите, а не пак да си дозволат неколку дена да платат аранжман за целото семојство во некој од зимските центри.

  • Ќе скијам на суво. Тешко дека може да си го дозволиме зимување за време на скапотија и немаштија, некои луѓе го можат тоа, секако, и ако се штеди многу да, но тешко во секој случај, велат граѓани пред камерата на Алфа.

Оние со подлабок џеб велат дека веќе биле на зимување, но не во Македонија, зашто одамна не живеат тука, а како што велат со македонски сатндард, тешко дека некој може да си го дозволи ова задоволство.

  • Јас можам да си го дозволам тоа, но дека не живеам во Македонија, и дека имам добри примања, секако далеку од нашава држава, а тука – тешко на народ, страшно, ниски плати, примања, мизерно, велат граѓани кои дошле само за викенд во сопствената земја, зашто лошто живеење ги приморало да си заминат во странство.

Ако претходните зимски сезони повеќето семејства можеа да одвојат пари од семејниот буџет за барем викенд-одмор на некои од планинските ски-центри во соседна Бугарија, годинава повеќето се одлучуваат за еднодневна прошетка на снег на некои од македонските ски-центри, како Маврово, Шапка, Ниже Поле. Според туристичките работници, годинава цените поскапеле за 40%.

Дека зимувањето станува луксуз потврдуваат и од туристичките агенции. Велат дека за разлика од минатите години кога имало побарувачка, годинава кризата си го направила своето. Силвана Јовановска од туристичката агенција „Go Travel“, за Алфа вели дека најмногу побарувања имале за соседна Бугарија, конкретно за Бањско, Боровец и Копаоник, но цените поскапеле доста.

Освен дома – Маврово и Попова Шапка, но и во соседна Бугарија, дел од граѓаните зимуваат и на Копаоник во соседна Србија, но тоа е авантура за оние со подлабок џеп.

Борис Грујоски

Advertisements