Зидан го краде Рабио од пред носот на Барса?

Шпански „АС“ пишува дека Адриен Рабио може да премине во Реал Мадрид.

Играчот од средниот ред на ПСЖ со месеци не е омилена личност во сегашниот клуб, бидејќи тој не сака да го продолжи договорот, а интерес за него со месеци покажуваше најголемиот ривал на мадриѓаните, Барселона.

На ПСЖ не му е потребен, навивачите испратија порака дека тој е на „црната листа“, а кога Патрис Евра ги навредуваше играчите од „Парк де Пренс“, откако беа елиминирани од Манчестер Јунајтед во ЛШ, Рабио го „лајкна“ на Инстаграм.

Во сето ова можност гледа Зинедин Зидан, бидејќи може да го доведе Рабио без надоместок со оглед на фактот дека има уште три месеци од актуелниот договорот со францускиот шампион.

На Реал Мадрид му се потребни освежувања, а Рабио, кој е повремен француски репрезентативец, не е прекумерен ризик со поглед на цената. Зидан би требало да излезе на крај со неговиот карактер, особено ако го намали авторитетот на неговата мајка и менаџер.

Вероник сега страда бидејќи Адриен не игра во ПСЖ откако тренерот Томас Тухел го отпиша одсметките.

Јас не сакам да плачам за тоа или уште повеќе да го загрижувам Адриен, кој вели дека не е добро. Но овде допира до мојата човечка страна. Ние сме скромни. Можам само да кажам дека многу лошо се чувствува поради сето она што се случува. Адриен е затвореник. Дури и од страна на ПСЖ го чуваат како роб. Наскоро ќе биде на сув леб, водата и во зандана. Оваа околина е сурова“, рече таа неодамна за „Екип“.