Земјотрес од 8 степени го погоди Перу ( Видео)

Земјотрес со интензитет од 8 степени по Рихтер денеска го погоди северниот дел на Перу, на длабочина од нешто повеќе од 100 километри, известуваат сеизмолошки опсерватории во САД.

Земјотресот погодил 180 километри западно од Мојобамба, а досега не се пријавени повредени или жртви.
Претседателот на Перу, Мартин Вискара, на социјалните мрежи им порача на луѓето да останат смирени, и дека е во тек процена на штетата во погодените области.