Земјотрес кај грчкиот остров Закинтос

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран денеска околу во 10 часот во Јонското море, кај грчкиот остров Закинтос.

Според Институтот за геодинамика на Националната обсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 58 километри југозападно од Закинтос.

Ова е втор земјотрес што го зафати регионот за краток период. Првиот беше на 26 октомври.