Земјоделците се изначекаа за „зелена нафта“

Земјоделците две години чекаат субвенции за „зелена нафта“, за да се поефтини производството и да им се намалат финансиските баласти. За годинава се најавени двеста милиони денари со кои се планира да им се субвенционираат 30 проценти од потрошената нафта за сеидба и за други трошоци. Последната надеж, после сите доцнења и празни ветувања, дојде на во средината на овој месец кога беше распишан тендерот. Според министерот за финансисии Драган Тевдовски,
кој денеска во битолски „Симпекс“ додели 10 ровокопачи за 30 општини со гранд од ИПА-програмата, оваа мерка може да се очекува до крајот на летото.

– Во моментов е тендерот и мислам дека луѓето во Министерството за земјоделие веќе највија дека може да се очекува некаде кон крајот не летото „зелената нафта“ да биде ефективна, односно земјоделците да можат да имаат корист од овој проект – рече Тевдовски денеска во Битола.

Проектот „зелена нафта“ го очекуваат 55.000 земјоделци, кои од Платежната агенција треба да добијат платежни картички, а преку изработената методологија висината на средствата ќе зависи од површините и типот на културите што се одгледуваат и со кои аплицирале за субвенции во 2018 година. Пелагониските земјоделци сметаат дека покрај доцнењето на мерката, таа не е правична, бидејќи со овој процент можат да добијат 750 денари по ха за житните култури, а за индустриски по само илјада денари.

Петар Стефановски