Земјоделците од Овче Поле: Да престане претворањето на плодното земјиште во фарми за фотоволтаици

Плодното земјиште во Овче Поле никако не смее да се користи за фотоволтаици, дециди се земјоделците од овчеполието кои тврдат дека со дозвола да се отворат фарми за производство на струја директно им се прави штета и на земјоделците и на сточарите..

  „Јас од парадедо сум сточар и овците не се отуѓуваа. Сега за жал на Овче Поле кај местото викано Амзабегово имаше 16.000овци, а сега нема 200овци. Ја дадоа земјата , ни ја зедоа пашата, ја заградија и ставија фотоволтаици, што е нечовечки„ вели Тони Димов, сточар од Свети Николе.

Дека Овчеполието станува мека за фотоволтаици потврдува и светиниколскиот градоначалник. Статистиката покажува дека на секоја седница на Совет се разгледуваат од 7 до 9 барања. Зелено светло се дава само на оние приватни инвеститори кои бараат земја што е рангирана од 4класа па нагоре.

   „Секое барање кое е до 4класа , Советот на Свети Николе со мнозинство гласови го одбива. Добар дел од земјиштето е и под систем за наводнување. Точно е дека има енергетска криза, но треба да бидеме свесни дека е земјоделски крај и таму каде што сакат да направат луѓето се занимаваат со земјоделие„-изјави Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе.

Според последните податоци од Општина Свети Николе, 15компании имат изградено фотоволтаични централи кои се протегаат на 15хектари. Во процедура е, фотоволтаици да се поставуват на уште 15хектари. За жал пртходната власт има дозволено вакви фарми да никнат и на земјиште од втора и трета категорија.

Александра Ристевска

Advertisements