Земјоделците бараат интервентен откуп на пченицата

Држвата да изврши интервентен откуп на пченица, бараат од Националната мрежа на земјоделци. Ваквите барања следуваат откако килограм пченица се продава од 9 до 10денари, што е речиси на пола од производната цена што ја утврди Институтот. За да се произведе еден килограм пченица потребни се 19, а за јачменот 15денари. Од мрежата сметат дека ова е доволен аларм за лошата жетва што допрва ќе следи и власта мора да реагира . Бараат да се активират мерки по член 40 од Законот за рурален развој, каде децидно стои задолжителен интервентен откуп доколку производната цена е повисока од откупната.
- „Засега немаме ништо,ниту организиран откуп , нема континуитет во откупот. На терерн владее еден општ хаос…За жал оваа година имаме лоши климатски услови, проблеми со болести, скапа сеидба, скапа производна цена и ќе биде тешка година. Ако државата активно не се вклучи, мислам дека наредната година земјоделците нема да посеат жито„ вели Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци.
Во меѓувреме, како што тврдат од Мрежата стопиран е и откупот на јачменот чија откупна цена се движи од 8 до 10денари за килограм. Иако пред две недела во Свети Николе министерот за земјоделство тврдеше дека и годинава имаме највисока цена во регионот, а откупната зависела од светските берзи, земјоделците не се согласуваат. Според нив Македонија станува увозно орјентирана држава, а тоа се должи на лошата аграрна политика.
- „ За жал ние смe отворени за сите за увоз, а буквално немаме никаков извоз. Еве еден податоко, минатата година Македонија има потрошено некаде околу 900милиони евра за увоз на храна за нашето население. Тоа значи дека од аграрна земја се претворивме во увозно зависна држава. До пред 10години Албанија беше целосно зависна од увоз на земјоделски производи , сега за минатата година има реализација од 600милиони евра од извоз на земјоделски производи„ изјави Каракашев, од Националната мрежа на земјоделци.
Доколку државата не излезе во пресрет на земјоделците кои одгледуват лебно зрно и не обезбеди интервентен откуп, од Националната мрежа на земјоделци најавија протести и блокади по патиштат низ целата држава.
Александра Ристевска