ЗЕЛС ќе расправа за случајот „Мерко“

На првата наредна седница на ЗЕЛС,градоначалниците ќе го отворат случајот Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси. ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини,но ние не можеме да го усклучиме,вели охридскиот градоначаник Пецаков, кој е член на Управен одбор на ЗЕЛС. 

  •  Дека имаме можност да ги ускучиме не, тој не ниту осуден туку е ставен на црна листа на Америка заради корупција итн, која што државата после  ставањето на црна листа кажа дека ќе испитала и видела дека има доста недостароци.Видете, ние не треба да чекаме некој да ни каже дали е корумпиран или не, ние треба  да имаме правосуден систем кој што тоа ќе го работи на дневна основа,неповрзано со градоначалникот или било кој друг”-вели Пецаков.

Ова не е ништо ново што не се случило во последниве 30 години,проблемот е што не се превзема ништо,а кога ќе видиш дека корупцијата поминува неказниво,таа ќе се повторува, вели универзитетскиот професор Љубомир Кеконоски.Тој беше дел од експертите кои работеа на донесување на мерки за стеснување на просторот на корупција во установите.

  • И она што е опасно мислам што ја игнорираме дури и теоријата во овој контекст, знаете секое општество каде што има долга корупција, тоа е култура на корупција.Или имате општество кое е длабоко вкоренето во оваа култура на корупција на институциите кои работат за еден мал дел на луѓе”-вели Кеконоски.

Четиринаесет години,удобно сместен во градоначалничката фотеља, на Рамиз Мерко не му се заминува од лагодната позиција.И покрај скандалот во кој се најде, тој не поднесува оставка од фукцијата градоначалник на Струга.И додека судските органи и Јавното обвнителство ги  испитуваат неколкуте се уште активни предмети за повеќе дела, кои се водат против него, дел од нив заглавени во предистрага уште од 2015 година, Мерко се огласи преку фејсбук за да порача дека ќе ја доставел навреме сета потребна документација, бидејќи секогаш бил транспарентен за органите на правдата. Инаку ова е четврт градоначалнички мандат на Мерко, во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави,но само еден предмет е процесуиран во струшкиот Основен суд .

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста