Зеленски: Добар и моќен ден

Tешки борби се водат во североисточниот дел на Украина. Силите на Киев ги држат своите редови и постигнале напредок во некои области, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој, вчерашниот ден го опиша како добар и моќен ден на фронотот, особено во близина на Бахмут, каде наводно ја враќаат територијата што ја изгубиле откако руските сили го окупираа градот во мај.

Руската армија, пак, изјави дека ги запрела украинските сили на североисток. Војската, исто така, соопшти дека соборила три украински беспилотни летала кои се обиделе да ја нападнат Москва и оштетиле висока зграда за која се вели дека се сместени владини канцеларии.

Украина директно не ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала, но Зеленски рече дека војната „постепено се враќа на територијата на Русија, во нејзините симболични центри“.

Advertisements

Поврзани вести