Здруженијата на луѓето со хендикеп контра законските измени

„Има пари за сите само за лицата со хендикеп нема. Со 7 000 денари месечно не можат да се покријат ниту половина од месечните трошоци“, велат од здружението Хендикеп плус.

За нив новиот закон за социјална заштита е дискриминирачки. Ќе протестираат секој ден со колички, додека не се земат во предвид нивните барања.

„Повеќето од нас пола од овие средства ги трошиме за лекарства, редовни медицински прегледи со партиципација и поради непристапната инфраструктурата приморани сме да користиме со такси или да ангажираме придружник. Исто така не сме ослободени од ДДВ, плаќаме комунални сметки за храна која која ни ја препорачуваат лекарите ни од далеку не можеме да си дозволиме ослободени од ниту една комунална давачка“, вели Бранкица Димитровска од здружението Хендикеп плус.

Од Министерството за труд и социјална политика демантираат. Тврдат дека измените се става акцент на развојот на услугите, но и независноста на лицата со попреченост како и нивната вклученост во општеството.

„Со социјалната реформа се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата“, тврдат тие.

Инаку, денеска во матичната комисија ќе се одржи и јавна расправа за предлог-законот за социјалната заштита.