Здружението што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ доби одлука за ликвидација од бугарскиот суд

Настрада здружението што го основаше македонскиот клуб во Пиринска Македонија. „360 степени“ јавуваат дека бугарскиот суд тргнал во контра-офанзива и го ликвидирал Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуално човекови права.

– „„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград“ – Пишува во сторијата на порталот 360 степени.

Причината за затворање, како што се наведува во сторијата е истрагата на тамошното обвинителство, за која Бугарите без да чекаат, ја започнале веднаш по формирањето на здружението, во 2019та година.

– „Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато.“ – Изјави Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ за 360 степени.

Бугарското обвинителство од Благоевград тврди дека целите на македонското граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права се спротивни на бугарскиот устав и закон, а одлуката е правосилна од почетокот на октомври.

Бугарските институции редовно ги спречуваат тамошните Македонци во намерите да си ги остварат основните човекови и граѓански права. Официјална Софија постојано се пресметува со македонски здруженија, а доказ за тоа се 16те добиени пресуди за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, од кои 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. Првата пресуда оваа организација ја добила пред Стразбур во 2001 година. Ниту оваа, ниту следните 10 не се спроведени од Бугарија.

Инаку, Република Бугарија е една од државите со најмногу неспроведени осудителни пресуди на Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур. По 30 години од ратификацијата на Европската конвенција за човековите права, Бугарија била тужена околу 1.500 пати и од нив половината се со осудителни пресуди за нарушување на меѓународната конвенција.

Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести