„Здрава котлина„ за Бектеши – лош обид да се прикрие вистината, притисокот и неединството во Владата
Денешната прес конференција на министерот за економија Бектеши беше лош обид да се прикрие вистината, притисокот и неединството во Владата, во случајот со отварање на рудник за злато и бакар во Иловица. Ова е ставот на граѓанското здружение „Здрава Котлина„ по најавата на Бектеши дека треба да се донесе акт со кој ќе се утврди дека потенцијалната инвестиција е спротивна на стандардите за животна средина, но и да се поднесе предлог со кој би се раскинал договорот со концесионерот „Еуромакс„ за рударскиот комплекс „Иловица-Штука„.За еко активисите ова би можело да значи одлагање на процесот уште година до две.
„Излагањето му беше конфузно, неповрзано и немаше јасна завршница. Тоа укажува дека се уште они немат најдено конечно решение или не знаат како да го презентираат… всушност ние разбравме дека министерот на незгодните прашања манипулираше и не даде точен одговор и затоа започнуваше со одговорот многу добро прашање или одлично прашање. Тоа се прави само кога ќе те фатат во лага и ти треба време да смислиш одговор„ изјави Костадин Ристоманов,од „Здрава Котлина„
Еко активистите му фрлија ракавица на Бектеши. Бараат со него итна средба за да му ги презентираат документите со кои тие располагаат.
„Да не повикаат нас од Одборот против рудниците и ние да им предочиме документите, а они нивните и пред јавноста да се соочиме и да видиме според кои закони ги донеле одлуки„ изјави Ристоманов од „Здрава Котлина„
Спојувањето на двете концесии предизвика револт и гнев кај граѓаните и еко активистите кои на почетокот на месецот излегоа на масовен протест во Струмица
Александра Ристеска