„Здрава котлина“: Владата веднаш да ги укине концесиите за рудниците
Владата веднаш да ги укине двете концесии за рударскиот комплекс„Иловица-Штука„ бараат еко активистите од „Здрава котлина„. Не се согласуваат со министерот Бектеши дека државата ќе трпи последици, доколку се укинат концесиите. Струмичките активисти се категорични дека сите аргумени се на наша страна и концесиите можат да се укинат согласно Законот за минерални суровини. Истите се истечени, концесионерот не се жалел во предвидениот рок, а за втората концесија нема поднесено барање за експлоатација се доволни, објаснуваат активистите. За нив приказните за арбитража немат никаква основа, а лесно може да се докажат и шпекулативните дејности преку Кајманските острови.
Уште минатиот месец од „Здрава котлина„ најавија дека и тие собираат документи и правдата ќе ја барат пред Меѓународен суд.
„Ние сега се уште собираме матрејали и сето тоа го снимаме документираме и веќе сме во контакт за едно такво арбитрирање како што „Еуромакс“се фалат дека, ако не добијат концесија и дозвола за работа ќе ја тужат државата. Благодарам што не потсетивте , но и ние ќе ве тужиме на Меѓународен суд„ изјави Костадинд Ристоманов од „Здрава котлина„.
Вчера министерот за економија Крешник Бектеши, на прес конференција која претходниот ден беше закажана, па потоа одложена информираше дека е поништено спојувањето на двете концесии, но истите не можат да се одземат. Бектеши излезе со предлог –да се донесе барем еден документ со негативен став , па потоа со ова би можело Министерството за економија да предложи раскинување на договорот.
Александра Ристевска