Зголемен водостојот на Вардар, Брегалница и Црна река

Зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Брегалница кај Берово и Штип и на Црна река кај Новаци во однос на просекот за ноември,  соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Значително е намалено нивото на Сатеска кај Ботун, а помал водостој е измерен и на Вардар кај Велес и Демир Капија, Крива Река кај Крива Паланка, Црн Дрим кај Ложани.

Водостојот на Дојранското, Охридското и на Преспанското Езеро е во рамки на ноемврискиот просек.