Зголемен број на автобуси на ЈСП кон Матка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), од ЈСП информираат дека на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) денеска во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок (28.08.2020 год) од 7 до 18 часот.

Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Утре, петок (28.08.2020 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници:

Транспортен центар 7-19.30 часот

Зелено пазарче 7-19.30 часот

Ѓорче Петров 7-13 часот.

📣ДЕНЕСКА и УТРЕ ЗГОЛЕМЕН БРОЈ АВТОБУСИ КОН МАТКА; УТРЕ АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, СО ИСКЛУЧОК НА НЕКОЛКУ…

Publiée par JSP Skopje (ЈСП Скопје) sur Jeudi 27 août 2020

Advertisements