За 3 месеци ќе се знае дали Македонија ќе учествува во изградбата на „Белене“ во Бугарија

НЕК „Белене“ ја објави официјалната покана до потенцијалните инвеститори. Натпреварот треба да заврши во почетокот на 2020 година,  а најраниот датум за пуштање на централата е 2030 година

Националната електроенергетска компанија објави покана за избор на стратешки инвеститор за изградба на централата. Според комуникацијата на Министерството за енергетика, целта во оваа фаза е да се види кои кандидати се подготвени да учествуваат во идната изградба на централата. Заинтересираните страни ќе добијат дополнителни информации за проектот.

Покрај стратешкиот инвеститор, учесниците можат да аплицираат за учество како малцински вложувачи во проектот на компанија или за купување на електрична енергија од централата. Сепак, повеќе детали ќе станат јасни по објавувањето на документацијата во Службениот весник на ЕУ.

Според роковите, апликациите ќе бидат прифатени во рок од 90 дена и до март 2020 година треба да биде јасно дали ќе се гради или не Белене.

Главни инвеститори би можече да бидат „Росатом“ или  Националната нуклеарна корпорација на Кина (CNNC). Од државите соседи, покана како малцински инвеститори добија Србија и Македонија.

(Фактор)