За 240 илјади евра продадена македонската историја- жестоки реакции за хонорарите на историската комисија

За 240 илјади евра продадена македонската историја. Жестоки реакции на социјалните мрежи откако Алфа објави колку заработиле членовите на македонскиот дел од историската комисија. Онаа историска комисија за која Цар Самоил стана бугарски цар, а неговото царство бугарско. Ицо Најдовски Перин, македонски активист од Австралија порача дека е време за протести по овие објавени информации.

-Демонстрации пред неговото работно место и да не смее да се појави предавникот Драги Георгиев кој за 240 000 евра ја продаде историјата на Македонија!, пишува Ицо Најдовски Перин

Незадоволство кај голем број граѓани предизвика самиот договор што го постигнале историчарите, а револтот кај многумина уште толку порасна откако е објавено колку за тоа си наплатиле.

-Копуците кои ни ја распродаваат историјата не чинат 240 илјади евра за 3 години. Драги Ѓоргиев добил 80 илјади евра. Околу 35 до 40 илјади евра добиле Љубица Спасковска, Петар Тодоров и Љупчо Ристески, меѓу и 20 и 25 илјади евра добиле Александар Литовски и Дарко Стојанов, се вели во еден твит.

-Академик Драги Ѓоргиев- национален срам за Македонија! Има ли трунка совест дотичниов?!, пишува во друг твит.

-Драги Ѓоргиев си наплатил 80 000 евра за распродавање на македонската историја. Арам да му се парите, предавник и срам!, пишува корисник на Твитер

-Само со хонорарот на Ѓоргиев и останатите бугаризатори ќе се финансираше Охридскиот маратон или со парите за УЧК-фестот, ама поинакви се приоритетите на овие Изроднички Копилиња, пишува корисник на Твитер.

-Драги Ѓоргиев лапна 80.000 евра хонорар! Вие скенирајте!, пишува во еден твит

Уште пред да објавено колку пари земале, жестоки реакции пристигнаа и од самите историчари. Професорката Наташа Котлар Трајкова вели дека историчарите пред се Ѓоргиев ја напуштиле науката и со овие свои потези влегле во политика.

-Тој станал веќе политичар, ако тој веќе станал политичар тогаш нема да го вреднувам научно, туку политички, од аспект на политички тоа значи дека ние сме во една општествена парализа. Таа опшстествена парализа ни ги одзема сите идентитески нешта во современата македонска држава, а тоа е наука, образование, здравство, воспитување, култура особено, изјави Наташа Котлар Трајкова за Алфа.

Најголем профит од преговорите со Бугарија си имал шефот на комисијата, кој заработил околу 80 илјади евра, меѓу 35 и 40 илјади Љубица Спасковска, Петар Тодоров и Љупчо Ристески, меѓу и 20 и 25 илјади евра добиле Александар Литовски и Дарко Стојанов.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста