За Џамбаски решија да реагираат: Скопје и Софија молчат за навредите кон Македонците, но решија да ги осудат навредите кон Ковачевски

Македонија втора бугарска држава, Македонците се Бугари, македонскиот јазик не постои, Охрид бугарски бисер… Ова се само дел од секојдневните провокации на кои ниту македонското, ниту бугарското МНР не реагираат. Но пораката дека премиерот Димитар Ковачевски бил во улога на келнер и им носел кафиња на средбите на Заев и Борисов, станаа причина за вербална нота македонското Министерство за надворешни работи на што одговор стигна и од бугарското.

Официјална Софија потенцира дека без оглед на бројните провокации кон Бугарија и Бугарите во Македонија, изјавата на Џамбаски каде е неприфатлива и контрапродуктивна

-Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Северна Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство, порачаа од МНР.

Оваа реакција на официјална Софија доаѓа откако МНР испрати вербална нота поради навредливите зборови на Ангел Џамбаски, каде беше побарано бугарското МНР да се огради од ваквите зборови на европратеникот.

Инаку, Џамбаски секојдневно испраќа провокации кон Македонија, а сега ни кажа дека сме немале историја пред 1944-тата година, дека името на премиерот Димитар Ковачевски било бугарско од Али Експрес, но и дека не сме биле дораснати за ЕУ поради односот кон Бугарија.

-Додека вие србоманите во Скопје палите културни клубови на Бугарите во Македонија уништувате згради, бугарско културно просветни институти во Македонија, не само што нема да ја видите Европксата Унија, Димитар, нема да го видите ниту Африканскиот, бидејќи ниту за таму не сте дораснати, изјави Џамбаски.

Инаку, ваквите пораки на Џамбаски не се изолиран случај, туку секојдневие, а ова е прв пат со пожестока реакција да излезе македонското МНР.

Матеја Петровски

Advertisements