За љибителите на вистинска забава-Самсунг Галакси С10 на дланка!

Во новата ера на дигитално живеење, смартфоните добија многу нови улоги. Тие веќе не се користат само за јавување или праќање пораки. Сега, телефоните станаа мобилни уреди како компјутери и корисниците уживаат во нивните можности, карактеристики, опции. Во денешно време тие посебно се користат за забава, играње игри, споделување видеа и различни содржини. Токму затоа, сите овие содржини се поубави доколку се гледаат на поголем, поквалитетен екран. Погледнете зошто Самсунг Галакси С10 е вистински уред за забава, покрај останатите неверојатни перформанси.

Најновиот Динамички АМОЛЕД “Infinity-О“ екран претставува одлична иновација. Благодарение на неверојатните бои, корисничкото искуство значително се зголемува. Дополнително, екранот исто така подржува “HDR10+“, што сликовито кажано, прави корисникот да ужива во најдобрата глетка до сега.
Исто толку важно покрај визуелните, се и аудио – перформансите. Галакси С10 има одлични стерео звучници и покрај супер тенките рамки околу екранот. Овие звучници се подесени од страна на АКГ и Долби и претставуваат едни од најдобрите звучници за телефони. Доколку повеќе сакате приватност, тогаш искористете ги сите предности на вградениот 3,5 милиметарски приклучок за слушалки на Галакси С10 и уживајте во неверојатниот звук и во вашата приватност. Но, кога се работи за играње, тогаш само еден екран и звучник не е доволно. Потребни се врвни перформанси и батерија која трае. Затоа Галакси С10 и С10+ имаат премиум “Exynos 9820“ процесор поврзан со 12 гигабајти РАМ и огромна меморија од 1 терабајт која може да се зголеми со микроСД картичка. За подолго и поквалитетно играње на вашиот омилен Галакси С10!

Но, сите перформанси на светот нема да значат ништо доколку уредот лесно се загрева. Токму затоа, најновите смартфони на Самсунг поседуваат вграден систем за ладење на пареа, дополнет со автоматска оптимизација на температурата на уредот. На овој начин, телефонот на корисникот останува со нормална температура дури и во “најжешките“ и највозбудливите мигови во текот на играта.

Галакси С10 уредите не се само посебни “паметни“ телефони, тие се и уреди наменети за најдобра забава. И повеќе нема да бидете задоволни со малку, затоа што овие уреди нудат многу, без компромис.

Јована Грчева