НАЈНОВИ ВЕСТИ

За што се плаќа патарина кога се вози по регионални патишта или по една лента? Македонија на потсмев кај странските туристи

Изгор скапи патарини за лоши автопатишта. Вака во една реченица може да се опише сообраќајната инфраструктура во државата. Во ек на туристичка сезона, на социјалните мрежи се споделуваат видеа и слики од лошата состојба по патиштата. Македонските, но и илјадниците странски туристи кои транзитират низ нашата држава мора да возат по  патишта со дупки, семафори за двонасочен сообраќај или пак покрај градежна механизација. Ако се погледне на официјалната страна на ЈП„Државни патишта„ во моментот се работи на десет делници.  Снимка-со атмосферски додека  Ова е  во близина на наплатната патарина кај с.Преод на автопатот Скопје-Штип.  Иако е меѓу поновите, во минатотот често се појавуваа свлечишта и се возеше само по една лента.. На оваа делница од 78 км. има дури три патарини , а најскапата 70 денари е кај Преод.

Во држвата, вкупно има 14патарини. Најскапо е од Скопје до Гевгелија. За поминти 150километри се наплаќа 360денари. Иако најскап двете точки Петровец-Катланово и Неготино-Демир Капија  автопатот е причина за нервоза и застој на патниците.  Само минатата година ЈП„Државни патишта„ по основ на патрина оствaрил приход од 53,2милиони евра, што се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021.

Александра Ристеска