За судиите и функционерите повиски плати, а за судската администриција ниту денар – вработените во судовите најави протести за повисоки плати

Со донесувањето на одлуката на Уставниот суд за одмрзнување на платите на функционерите, платите на судската администрација останаа на многу ниско ниво и се три пати пониски од онаа на судиите.Месечните примања на дури 95% од судските службенци се пониски од просечната плата на државни ниво-вели претседателот на судска администрација на Македонија,Борче Мирчески.

 Ова ниво никогаш не било вака и никогаш немала судската администрација олку ниски плати во споредба со судиите.Не е точно дека судската администрација добила 15% зголемување на плати,туку е вистината во тоа што додатоците кои што судската служба ги добиваше од 2019-та сега се прелеаа во плати,така да номиналниот износ е скоро ист, односно е дури понизок од 15 %”-вели Мирчески.

Иако од претседателот на судскиот буџетски совет им било ветено дека ќе добијат поддршка за остварување на нивните барања, тоа не се случило.Баравме вели Мирчески додека се донесе законот за судска служба,администрацијата во судовите да добива додатоци во висина од 25 %.

Бил донесен заклучок дека нема сретства во буџетот и дека ова барање нас не може да ни биде прифатено.Немањето на сретства било дефинирано како резултат на тоа што после исплатата на зголемените плати на судиите, сега нема можност да се зголемат платите на судските административци.Кога судиите добија зголемување од  78% испадна дека не било точно дека нема сретства за додатоци за судската служба, туку тоа бил само изговор”-цени Мирчески.

Во судскиот буџетски совет нема претставник од судските служби и тоа се злоупотребува.Ние немаме увид што се случува и треба слепо да им верувамедека се најдоа пари за повисоки плати за судиите но не и за 2.300 членови на судската администрација која денес протестираше пред основниот кривичен суд во Скопје.Револотот е голем,но мора да сме внимателни и на овој предупредувачки протест бидејќи во 2016-та кога имавме штрајк на сите кои што учествуваа им беа задржани 45 % од платите,вели Мирчески.Инаку платите на административците се движат од 21 до 36.000 денари,а нема судија во држава кој зема плата пониска од 100.000 денари.  

Росица Голабоска

Advertisements

Поврзани вести