За судиите зголемени плати, за службениците кратење надоместоците

Робин Худ на македонски начин – зема од сиромасите, дава на богатите. Парите од додатоците на судските службеници ќе легнат на сметките на судиите. Службите во македонските судови ќе останат без додатоците за посебни услови за работа, постоење на висок ризок при работа како и додатокот за доверливост. Ќе работат и прекувремено а и ноќна смена но и за тоа нема да земаат надоместок. Укинати се финансиите кои ги распределува Судскиот Совет за месечни додатоци на службите во судовите бидејќи биле во кусок. Синдикатот разочарани од ваквите одлуки на надлежните.  

  • Додатоците беа различни, секој месец, некогаш 15 некогаш 20 проценти во зависност од обезбедените средства од Судски Совет. По зголемениот револт дека на судиите им се исплаќаат додатоци од 20 проценти започнаа и на службениците да им даваат за додатоци за разлика од судската полиција и помошниот персонал никогаш не земаа пари за додатоци. Сега овој месец со зголемување на платите на судиите овој месец и тие пет отсто што им ги даваа не ги земаа. Дали ќе продолжи оваа пракса или не никој не знае. Тие пари следуваат од буџетот на Судски Совет и доколку Финансии им обезбеди ќе има“ вели за Алфа, ВЛАДИМИР ЛИТОВСКИ – Претседател на Независен Синдикат на Судска Полиција. .

Судските служби, соработници и полицијата сега зимаат од четири до шест пати помала плата од судиите, вели Синдикатот. Според нив не е во ред ваквата разлика во платите, бидејќи судовите функционираат во целина – никоја работа не е помалку важна.

  • Судската полиција моментално земаме 20,500 денари плата што значи минималната. Со ваквото зголемување достигнува 6 плати на судски полицаец се колку една плата на судија. Еве стручните соработници, со правосудење испит положен, ја работат истата работа како судиите и зимаат плата околу 30 илјади денари. Тие зимаат 4 пати помалку од судиите“ вели за Алфа, ВЛАДИМИР ЛИТОВСКИ – Претседател на Независен Синдикат на Судска Полиција.

Во одлуките за буџетот на Судскиот Совет, во месец март е наведено тука институцијата нема средства за исплаќање на додатоците кои ги земале вработените во судството.

  • За месец март 2023 година не се обезбедени средства за исплата на додатоци на плата на судиите, членовите на Судскиот совет, за судските службеници и вработените во Судскиот совет согласно позитивните законски прописи и колективни договори“ стои во одлука на Судскиот Совет.  

Со новите зголемувања плататите на судиите се движат помеѓу 60 и 100 илјади денари.

Викторија Миткова

Advertisements