За Рамиз Мерко нема мерка – СДСМ и ДУИ повторно му дадоа 80.000 евра само за репрезентација
На струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, не му преседнаа богатите софри и луксузниот живот кој го тера од 2018-та година,па така со амин на советниците од ДУИ и СДСМ со годишиниот буџет на општината,за себе и за локалната самоуправа си обезбеди вкупно 81.300 евра за репрезентација.Од овие пари,лично тој на располагање има 48.800 евра.
Дека јавшлукот на Мерко нема крај, говорат и извештаите според кои за период од 2018-та до 2021 за репрезентација Мерко потрошил вкупно 139.296 евра.
Без разлика што во актуелнава година, станува збор за огромна економска,енергетска и здравствена криза, сепак не се откажаа од овие трошоци. Баш конкретно за 2019-та и 2020-та година поднесовме писмено барање за инфорамции од јавен карактер и баравме точно да се наведат колку пари се потрошени на име на репрезентација и да ни се приложат фактури или други докази за плаќање,во кои угостителски објекти се потрошени тие,меѓутоа не добивме никаков одговор вели Ален Деребан- Претсед.на ВМРО ДПМНЕ Струга.
За илустација, лани само во период од јануари до јули, на три угостителски објекти им исплатил 9.830 евра.На 26-ти мај 2021-ва во ист угостителски објект потрошил 2.300 евра, а истиот ден се подновил, обновувајќи ја гардеробата за сума од 482 евра.
Рамиз Мерко од општинскиот буџет во 2020-та потроши 27.500 евра, сред пандемија, неделно трошејќи над 2.000 евра на гозби и гоштевања.
Во 2018-та година со пари од општината, за сума од 66.000 евра, Мерко купи автомобил Ауди А6 и 4-ри шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра.
Антикорупциската комисија своевременео отвори и предмет по наводи од 2019-та година и поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко,за да се утврди дали тој незаконски трошел државни средства спротивно на јавниот интерес и на законите. Советникот Ален Деребан до сега поднел голем број пријави, до судовите и други надлеженти институции кои или се прогласуваат како ненадлежни или не превземаат ништо.Или не смеат да превземат дејствија кога станува збор за Општина Струга, или не си ја познаваат работатата-додава Деребан.
Росица Голабоска