За Рама изгледа е ситен залак внесувањето на Бугарите во Уставот

Albanian Prime Minister Edi Rama speaks during a joint press conference with Prime Minister of Montenegro Dusko Markovic (not pictured), at the Vila Gorica, in Podgorica, Montenegro, 03 April 2017. Rama arrived in Podgorica for a one day official visit., Image: 327638623, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, TEMP EPA

Форматот на македонскиот Устав дозволува внесување на малцинства, и внесувањето на Бугарите е ситница – ни порача премиерот на Албанија Еди Рама по завршувањето на меѓувладината седница. Прашан дали Албанија би можела да се одвои од Македонија на патот кон евроинтеграциите, доколку не ги спроведеме уставните измени, не одговори конкретно, но смета дека ќе биде фатално доколку има враќање назад.

Тоа што е минато, е минато. Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен пат. Уставните измени се ситница, тоа може да се направи бидејќи форматот на вашиот Устав го дозволува тоа – рече Рама.

Македонија и Албанија заедно ги започнаа и заедно ќе ги завршат преговорите со Европската Унија – ова е заклучокот од меѓувладината седница на двете земји на која се разговарало за унапредувањето на односите, зголемувањето на соработката,градење инфраструктура за природен гас и обновливи енергии и соочувањето со предизвиците од глобалната економско – енергетска криза.

Повеќе од јасно е дека заедно секогаш можеме повеќе затоа за неколку кратки години преку искрена политичка волја за напредок ние постигнавме и многу повеќе од тоа што можеше тогаш да се замисли. Билатералните односи помеѓу Македонија и Албанија никогаш не биле подобри од тоа што се денес. Слободно можеме да кажеме дека сме пример како два соседа, може и треба да соработуваат – велат од Владата.

Министрите на Македонија и Албанија потпишаа меморандуми за соработка а првите луѓе на владите посочија на заедничката политичка волја за уште поголем развој на соработката.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести