За поставените бомби во скопските училишта заканувачите барале 15.000 евра, дојавите се лажни

Седум училишта утринава добија идентичен меил за дојава за бомба . Овој пат, дојавувачите  неофицијално испратиле е- маил до училиштата  во кој им се бара да платат 15.000 евра, без насоки како би се извршило плаќањето.   Од МВР не ја потврдија оваа информација, од таму велат дека содржината на пораките е цел на истрага и истата не се објавува.  Од МВР информираат дека се преземени сите потребни проверки во врска со денешните пријави  .

Веднаш по добиените пријави од полициски службеници  се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.

Дојавите за лажни бомби утринава пристагнеле на адреса на  гимназиите Јосип Броз Тито, Раде Јовчевски – Корчагин , Никола Карев и Панче Арсовски како и во стручното економско  и правно училиште Арсени Јовков и во електротехночкото средно училиште Михајло Пупин. Откако беше утврдено дека дојавите се лажни, учениците во втора смена се вратија на настава. Велат дека дел се исплашени и не доаѓаат на училиште, а дел од нив не се плашат но ова трае подолг период.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме проачаа дека мора да се расчисти случајот, затоа што ова е секојдневен стрес за родителите и за учениците, не можат да најдат логична причина зошто некој го прави ова и очекуваат брз расплет на истрагата.

 Инаку ова е осма дојава за бобми во средните училишта во Скопје   што ја нарушува наставата на учениците кои и до два пати неделно мора да ги напуштат објектите поради евакуацијата. 

Кристина Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести