За Мицкоски претседателските избори се жолт картон пред исклучување на власта

-На Македонија е потребен протестен глас кој ќе даде жолт картон на власта пред исклучување на овие ибори. Не ви велам да ни дадете безусловна поддршка. Но секој од вас има обврска да влијае со својот глас и се спротивстави на пропаста продуцирана од актуелната влада. Затоа поважно од било кога порано е да се обединиме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната конвенција на која партијата избира кандидат за претстојните претседателски избори.

Според Мицкоски изборните денови доаѓаат и си одат но борбата на луѓето за креирање на одговорно владеење кое ќе ги преставува интересите на народот, а не интересите на поединците е суштината на нашето делување.

Вели дека треба да се избориме за владеење базирано на принципи, економски и технолошки напредок, иновации, социјални реформи и затоа потребен ни е секој човек, обединети и сложни.

-Борбата ќе трае и само обединети во еден опозициски народен фронт за честита Македонија ќе успееме. И сум сигурен во тоа. Зората доаѓа и ќе ја огрее Македонија. А денес ја палиме таа искра. И ќе го посетиме секој град и село, малата и населбите, ќе влеземе во домовите на Македонците, Абанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе го развиориме бајракот на заедничката победа, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Некои политичари мислат само на наредните избори, но јас мислам за наредните генарции. Ние сме сега таа генерација која има обврска да ја обезбеди иднината. Ова е битка на нашата генерација, на новата генерација за нашата Македонија.“