});

За Макрадули се е во ред со мерните станици

Мерните станици во Скопје работеле, тврди заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, не работел само еден инструмент на една мерна станица, тврди Макрадули, иако еколошките здруженија велат дека 25 проценти од мерните станици во Македонија не враќаат податоци за ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките, а тоа може да се провери и на официјалната веб станица на министерството за животна средина.

Податоци за ПМ10 и ПМ 2,5 честичките за мерните станици во Гази Баба и Лисиче нема ни на апликацијата МОЈ ВОЗДУХ, па затоа има опција за ПУЛС мерење, кои покажуваат бројки на ПМ честичките кои се неофицијлани, но се поклопуваат со растечкиот тренд на загадувањето, тврдат екологистите.

Токму заради нефункционалноста на мерните инструменти за ПМ честички, граѓански активисти извршија мерење кај мерната станица во Лисиче, каде бројките пред само неколку дена беа енормно високи.

Во недостаток на мерки, на интернет се појави и апликација каде граѓаните можат сами да пријават загадувачи со фотографија и местоположба, запрашан за какви мерки превзема министерството за животна средина токму за тие загадувачи Макрадули не искара, па посочи дека тие веќе имале акции со собирање на стари гуми, па дури и ќе им подареле на граѓаните , тие како министерство апликација за компании кои имаат легална А и Б дозвола.

Во недостаток на делотворни мерки, граѓаните се молат на ветер кој го расчистува загадениот воздух, кој е причина за околу 20 до 30 проценти од смртните случаи во државата.