Власта сеуште не кажува за кои  производи ќе се плаќа поскапо ДДВ .   Законоксите измени го поминаа првиот собраниски филтер без никој да знае што се крие на листата која ја крчка власта . Опозицијата бара пред законот да се стави на пленарна седница да знаат точно кој производи сега наместо 5 ќе се даночат со 10 отсо и ќе станат луксузни производи . Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Бојан Стојаноски, предупредува дека  даночната реформа  може да предизвика нов ценовен шок за граѓаните од наесен кога ќе поскапи струјата .

Амандманската расправа се исцрпи и за останатите два закони , за солидарност и измените на законот за добивка .   Даночната реформа е само дополнителен арач за компаниите и за граѓаните предупредува опозицијата. Со законот за добивка за кој од ВМРО – ДПМНЕ обвинуваат дека го крши начелото на двојно одданочување,  се дава екслузивно право на инспектор од УЈП да одлучува за казни петпати повисоки од сегашните.  Дополнително со законот за добивка се скратува можноста компаниите да бидат општестевено одговорни, односно не можат веќе да даваат поддршка на спортот .  

Трите закони од таканаречената даночна реформа која по втор пат стигна во Собранието под параванот на европско знаменце на финално гласање ќе бидат ставени по враќањето на пратениците од одмор.

Кристина Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести