„За или против“: Неотиѓиво право е веењето на знамето од Кутлеш

Никој не може да им забрани на Македонците да го веат знамето Кутлеш – порачуваат денешните гости на политичкиот магазин „За или против“ на телевизија Алфа, Елена Петковска од „Сончева револуција“ и водачот на Комити „Вардар“ Милорад Миленковски- Мики.

Протестираме затоа што не ни дозволуваат да си оствариме наше право кое е неотиѓиво, потенцира Петковска.

  • „Доведени сме во ситуација да праниме нешто што ни е право, неотуѓиво право. Шеснаесетто кратно знаме е нешто што го поврзува македонскиот народ од памтивек. Но со промена на името, сакаат да го променат тоа. Власта сака да не заплаши да не го користиме“ вели Елена Петковска од „Сончева револуција“

Многу натпревари, на сите, на кои играла египата на „Вардар“ се вее македонското знаме од Кутлеш, и тоа е еден од симболите на екипата, вели Миленковски.

  • „Знамето е дел од нашите симболи, национални симболи, но и симбол на Вардар. Лично ја поддржувам таа борба, доколку сами не се избориме за нашето право, нема никој да не го даде. Како ние се бориме за тоа што ни следува, му следува на Вардар, така треба и да се бориме за македонското знаме, Кутлеш“ рече водачот на Комити „Вардар“ Милорад Миленковск- Мики.
Advertisements