За една недела 121 заразени со морбили, теренската вакцинација ќе почне во понеделник

Вакцинацијата со МРП низ училиштата не започна. Министерот Филипче вели дека барем започнале подготовките, а од здравствениот дом кусо посочија оти пратиле екипи на разговор со раководителите на две скопски училишта. Првиот човек на Здравствениот дом, Злате Мехмедовиќ, кој не сакаше да говори пред камерите, нема информации за тоа како минала претходната теренска вакцинација. Детали, најави за в понеделник.

Во однос на најавите дека на невакцинирани деца ќе им биде забрането да се образуваат, ќе се остварат, дециден е Филипче, и појаснува, ова е единствен начин за да се избориме со епидемијата на морбили. Возможни се и измени на закони бидејќи образованието е задолжително.

Во меѓувреме во ек на епидемија, дел од вакциналните пунктови во Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Струга, останаа без МРП-вакцини. Проблемот, според Филипче, настанал бидејќи се потрошиле залихите од претходната набавка и увери дека до денеска сите пунктови ќе добиеле вакцини.

Од крајот на месецов започнуваат уписите на прводделенци. При упис мора да се прикаже и вакцинален картон. Ваквите правила важеа и претходните години, но според бројот на невакцинирани деца и веќе прогласената епидемија на морбили, овој услов претходно, не се почитувал.

Сања Трајковска Ставров