За една година продолжен договорoт на Башановиќ – српски медиуми објавуваат негова поврзаност со Боки 13

Продолжен договорот за хонорар за уште една година на поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ, кој е надворешен соработник односно, советник за економски прашања на премиерот Зоран Заев. Месечниот надомест за делење совети на премиерот од страна на екс менаџерот е 1500 евра.

Името на Башановиќ се почесто се споменува изминатиов период, особено во пресрет на случајот Рекет. Српските медиуми на големо пишуваат дека Башановиќ е вмешан во аферата за изнудување на пари во Македонија, заедно со Боки 13ка.

Во српскиот весник Информер на насловната страница се најдоа фотографии од Башановиќ, Заев и 13ка, а насловот е испишан со големи букви и гласи: Башке и Боки 13ка заедно рекетирале, но и дека има снимен разговор како тие двајца се договараат да уценуваат одреден тајкун.

Порталот alo.rs пак, цитираат дел од наводно снимениот разговор меѓу ек естрадниот менаџер и екс ријалити sвездата, разговор до кој дошле странски служби.

Боки сега се ќе наплатиме. Време е јас и ти конечно да бидеме полни ко бродови. – му рекол Башановиќ на Боки во наводниот разговор за кој пишуваат српските медиуми.
Советникот на Заев, Башановиќ не го бие добар глас кај српските власти.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го опишува екс менаџерот како крадец на гаќи во американски шопинг центри.

Србија ќе ја зачува стабилноста и ќе ги победи хулиганите. Има криминалци тука во Белград кои сакаат да работат во Скопје. Бандитите кои ги избркавме од тука, Саша Мирковиќ, Башановиќ, кој крадеше гаќи во американски шопинг мол, сега е голем советник и е многу важен. Не сакам да зборувам повеќе во моментов“, изјави Вучиќ.

Башановиќ од 2017 работи со премиерот Заев како негов надворешен соработник. На времето му бил пријател и сопартиец на Александар Вучиќ, меѓутоа во 2016 се скарале и ја напуштил Српска напредна странка (СНС).

Meри Ѓорѓиевска