За една година над 450 медицински сестри заминале во странство или во приватните установи
Во јавното здравство има само пола од потребниот број медицински сестри. За една година уште 450 го напуштиле работното место во државните здравствени установи, заминале во странство, во приватните клиники или во пензија. Сестрите се жалат дека платите се многу ниски а условите за работа катастрофални.