За еден месец од Клиничката болница во Штип си заминале 30 вработени

Штипската Клиничка болница ќе го чека новиот министер за здравство за да го решава проблемот со недостатокот од кадар. Иако барањето за вработување на околу 50лица, меѓу кои и 15лекари директорот на болницата го има поднесе уште на почетокот од овој месец, се уште нема повратен одговор. Најверојатно истото барање ќе  биде поднесено и до новиот министер, објаснува за Алфа, директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев.

 И додека чека на нови вработувања, болница остана брз персонал. Проблемот е посебно изразен откако  во изминатите два три месеци дел од медицинскиот кадар премина во новата приватна болница, дел се пензионираше со што бројот на испразнети места достигна до 100, рече Ален Ѓеорѓијев уште на почетокот од месецот.

„Со оваа група штто замина и со пензионирање на медицински сестри и лекари од повеќе профили, сериозно се наруши бројката на вработени во Клиничка болница Штип„изјави Ален Ѓеорѓијев, директор на Клиничка болница, Штип(02.02.2023)

Сериозниот недостаток од високостручен кадар кои не може да се надополни преку ноќ, на тест ја става работата на единствената Клиничка болница во регионот, која во моментот работи со 20% помалку кадар. Најкритично е на одделите за анестезиологија, очно и ортопедија.

Факт е дека онаму кадешто имаме помалку кадар се преоптеретени и јасно е дека, кога имате помалку кадар дека може да се случи да се пружи и малку послаба квалитетна здравствена заштита„ рече Ален Ѓеорѓијев,дир. на КБ-Штип. (02.02.2023)

Последно вработување на доктори во штипската болница беше во 2019година. 

Advertisements