За влакно избегната трагедија во близина на охридскиот аеродром

За влакно избегната трагедија- во близина на охридскиот аеродром, автобус се судри со автомобил и излета од патот. На потполно исто место на автопатот Кичево-Охрид претходно се превртија две товарни возила на делница која е целосно раскопана. Ова е автопат на трагедии,можеше да биде и автобус со 52 патници, вакви сообраќајки се случуваат постојано и ќе се случуваат.На многу делови од патот немате обележани банкини,нити други елементарни обележја-велат експертите. Додека државите од регионот грабат напред,Македонија не успеава безмалку деценија да изгради еден автопат-ова го отвора прашањето дали нашата држава која за дебели пари,ангажираше и странски компании, има капацитет да го заврши автопатот? Го уништивме стопанството,велат експертите потенцирајќи дека Охрид во осумдесетите години на минатиот век имаше свои компании кои градејќи патишта,овозможија економски и туристички развој на градот.

Значи тие беа фирми кои не работеа само кај нас дома, тие фирми работеа во цел свет,во странство, тие беа веќе интернационални мултикомпании кои што ние ги имавме и ресурси имавме, јас само ќе ви спомнам еден Трудбеник дека имаше околу 80 градежни инженери и архитекти замислете.Значи дајте да не продолжуваме, да не деклараме рокови, туку да се послужиме со еден рок“ – вели Љупчо Милкоски – национален консултант.

Ако на автопатот кој бил врвен приоротет на државата,се работи, со асфалтирање на 200 метри од делницата, дали ќе се изгради автопатот Кичево –Охрид за помалку од година и пол колку што е предвидено?

„Надзориот орган има обврска да ја следи работата на терен во име на државата и да ја информира и Владата,договориот орган, Ј.П. за државни патишта,министерството,колку работници има на терен,колку механизација и на кој позиции се работи во моментов.И како ќе се комплетираат градежните позиции така и ќе ги завршуваме сите овие градежни позиции“ – вели министерот за транспорт Благој Бочварски..

И додека надлежните тврдат дека биле пробиени 95% од трасата на автопатот,експертите укажуваат дека е крајно време  да се превземат интензивни и сериозни мерки, да се обезбедат барем отпимални услови за одвивање на сообраќајот оти ова е страм како за државата,така и за туристички Охрид.

Росица Голабоска

Поврзани вести