За бугарската фондација „Македонија“ картата каде што Бугарија и Македонија се една држава не било територијална претензија

Закана за тужба пред македонските па дури и пред Европскиот суд за човекови права. Првиот човек на Бугарската „Фондација Македонија“ видно вознемирен од прилогот на ТВ Алфа, која обелодени дека оваа организација од кога е формирана шири иредентизам и говор на омраза против Македонија, и еднистевна цел и е бугаризација на нашето општество.

– „Ја известив ТВ Алфа дека имаат 7 дена да го симнат материјалот. Ако не го сторат тоа, моите адвокати ќе поднесат случај за клевета, кој ќе го добијам, ако не во Македонија, тогаш пред Европскиот суд за човекови права. Парите што Алфа ќе ми ги плати за клевета ќе ги искористиме за каузите на Фондацијата. Ќе ми биде задоволство да ги финансирам нашите иницијативи во Македонија со парите на Алфа“ – пишува Виктор Стојанов на социјалните мрежи.

Виктор Стојанов ќе тужел зашто Фондацијата наводно не промовирала територијални претензии кон Македонија. А нив не било територијална претензија тоа што на нивниот официјален Фејсбук профил тие постојано постираат содржини, како на пример оваа карта на која се избришани границите меѓу двете држави…

Или оваа во која во описот пишува – „Ќе бидеме пак едно, за тоа работиме, за тоа живееме, за тоа се трудиме“.

Но, Фондацијата оди и неколку чекори понатаму… Според нив и делови од соседните држави биле бугарски.
– „Време е за убава бугарска победа над Грците, а Солун е бугарски“ – пишува на социјалните мрежи во најава за фудбалски меч меѓу Левски и Паок.

– „Екипа на Фондација Македонија патува кон бугарската општина Драгаш – Косово“ – се наведува во друг пост.
– „Бугарски фолкор на Косово. Косово никогаш не било и нема да биде српско“ – пишува Фондацијата.

Оваа невладина организација нашла Бугари и во Србија, во Албанија, па дури и во Романија, Молдавија и во Украина.
– „Гагаузите се Бугари и ние ќе помогнеме на децата во Молдација и во гагауската област во Украина да научат Бугарски јазик“ – пишува на нивниот официјален Фејсбук профил.

Сепак, главниот фокус секако е Македонија, како што кажува и самото име. Освен ширење говор на омраза на социјалните мрежи, тие работат и на терен.

Во извештајот за сработеното тие си напишале дека само минатата година нивниот претседател Виктор Стојанов 46 пати ја посетил Македонија и бил во 50 населени места каде остварил над 1.300 средби.

Инаку Фондацијата е регистрирана во семејна куќа во предградие на Софија и нема претставништво во Македонија.

Со тоа, освен серија закони кои ги прекршува со совето пропагандно дејствување, таа го прекршува и Законот за здруженија и фондации.

Фондацијата јасно и недвосмислено повикува на уривање на македонскиот уставен поредок и на нарушување на македонските суверенитет и независност.

Нејасно е дали македонските државни инстуции ова не го забележуваат, го игнорираат или едноставно не работат на заштита на државата и на државните интереси.

Нејасно и како Фондацијата би ја тужела ТВ Алфа кога нема регистрирано правен субјект во Македонија.

Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести