Затвореник пукал во полицаец и побегнал додека го носеле во болница

Беким Мемети, убиец и дилер на дрога, искористи филмско сценарио за да им побегне на затворските полицајци и да дојде до слобода. Синоќа, 20 минути по 23 часот на пат кон ургентниот клинички центар, 36-годишникот Мемети не го попречила повредата на десната рака, за  да го одземе пиштолот на еден од затворските полицајци, да го рани и да побегне со сиво „ауди“ без регистарски таблички.

Tокму на оваа локација, во близина на бензинската пумпа ликоил на автопатот кон скопје, сивото ауди без регистарски таблички го попречило затворското возило а во исто време осуденикот Мемети со повредена рака го земал пиштолот на еден од полицајците и го ранил, по што тргнал да бега. Нејасно е како осуденикот успеал да дојде до оружјето на полицаецот а уште поголема дилема е што правеле останатите затворски службеници додека Мемети пукал во нивниот колега, ја отворал вратата и се упатил кон аудито.

Ранетиот полицаец е префрлен во болница.

  • Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на  затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот.Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице  се дало во бегство со патничкото возило ,,ауди”.Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје.Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

Ова не му е прво бегство на Мемети. Тој бил во затвор околу 2 години, откако во април 2020 бил уапсен во Германија и екстрадиран во Македонија за издржување затворска казна. Убиството за кое е осуден на 19-години затвор се случило во Мала Речица во 2016 година во пресметка помеѓу две групи која завршила со еден мртов. Освен за ова, 36-годишникот е осуден и за нелегално продавање на дрога, и во Идризово требало да лежи до 2040 година.

Директорот на затворот „Идризово“ за Алфа вели дека командирот кој што бил на смена е суспендиран како и полицајците кој го спроведувале Тахири ди клиничкиот центар. Управата за извршување на санкции сега ќе прави вонреден надзор во затворот Идризово и ќе ги бара неправилностите поради кои не се презеле сите соодветни мерки за спроводот до болница.

Инаку, Македонија убедливо води во статистиката на затвореници што избегале од затвор. 691 од 10.000 затвореници успеле да се спасат од затворска казна со бегство. Веднаш по нас се наоѓаат Холандија со 315 избегани на 10.000 затвореници и Швајцарија со 284. На Албанија, Црна Гора, Словенија, Малта и Кипар досега не им избегал ниту еден затвореник или пак не пријавиле.

Викторија Миткова

Advertisements