Зариф: Неприфатлив е растот на тензии кон Иран

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф изјави дека е „неприфатлив порастот тензии“ кон Иран од страна на САД.

„Ние постапуваме максимално воздржано“, истакна Зариф при посетата на Токио.

Тензичните односи помеѓу Вашингтон и Токио дополнително се зголемија откако Иран на 8 мај најави делумно повлекување од нуклеарниот договор од 2015 година, една година откако САД се повлекоа од спогодбата. Иранскиот претседател Хасан Рохани на европските лидери им даде рок од 60 дена да изнајдат начин да го заштитат Иран од американските санкции или во спротивно Техеран нема да ги продава резервите збогатен ураниум во странство и ќе ја интензивира преработката на ураниум.

Зариф побара од Јапонија и другите сојузници на САД да преземат „практични чекори за одржување“ на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година.

„Ако меѓународната заедница има корист од овој историски договор, мора да биде подготвена да инвестира во овој историски договор и да ги спречи САД да шират незаконитост и беззаконие“, изјави Зариф на средбата со јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно.