Започнува кампањата „Ние сме Европа“ која ќе ги чини граѓаните 80 илјади евра

Во рамки на напорите на Владата за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе ги презентираме можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ, велат од Секретаријатот за европски прашања, најавувајќи дека од утре започнува кампањата „Ние сме Европа“.

Со настанот официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“ предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, која ќе се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, кои ќе имаат конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика. Активностите во секој од градовите вклучуваат посета на локалитет од значење за конкретниот град, средби со граѓански организации и други заинтересирани групи граѓани

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста