Започна ли „Македонското сценарио“? – Демонстрантите влегоа во зградата на РТС

Група демонстранти упаднале во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград. Меѓу првите во зградата влегле претседателот на партијата Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија Бошко Обрадовиќ, а присутен е и Борко Стефановиќ од Српска Левица, како и други лидери на партии од опозициониот блок.

Полициска екипа од специјалните сили брзо реагирале, но не примениле сила туку ги замолиле демонстрантите да ја напуштат зградата. Според Б92, вратата на зградата на српската државна телевизија е искршена.

Учесниците на протестот „Еден од 5 милиони“ ја опколија зградата на Радио-телевизија Србија во Белград вечерва околу 19 часот и на тој начин ја почнаа блокадата која треба да трае два часа.

Еве дел од случувањата преку видео од Ал Џезеира: