Замрзнатите цени поголеми од ланските, власта чекаше да стигнат „до небо„, па да ги „бетонира„

Граѓаните нема да пазарат поевтино одколку минатата недела, а уште помалку во споредба со лани. Цените на производите што сега Владата ги замрзнува, се многу повисоки отколку минатата година. Односно се чекаше да стигнат до небо, а дури потоа да се интервенира. Па така макароните во 2022 година се продавале за 45 денари, а во 2023 година достигнаа цена од 49 денари во просек. Сега и покрај тоа што се замрзнати на околу 33 денари, пак најскапите се речиси 50.
Лебот годинава го плаќавме екстремно скапо, пред замрзнувањето имаше цена во просек од 45 денари, а во 2022 се продаваше најниско по 30 денари, што значи три денари помалку од актуелно замрзната цена. Па се поставува прашањето што воопшто на граѓаните им значи замрзнувањето, кога и тоа не е по најниската можна цена?
Јајцата во 2022 се продаваа во просек од 7-8 денари за јајце, а во 2023 стигнаа на речиси 11 денари за јајце . Сега цената се замрзнува на најскапо речиси 10 денари за јајце, пак поголема од лани.
Вака испаѓа дека , ако граѓанин по замрзнати цени испазари 1 леб, 10 јајца, едно пакетче макарони, едно млеко и килограм кашкавал ќе заштеди само околу 83 денари , во однос на тоа ако овие производи ги купел пред да замрзнат цените.
Дека веќе имаше огромно поскапување на прехранбените производи покажува и државна статистика. Лебот за една година поскапел за дури 40 отсто, а млекото, сирењето и јајцата за 37 отсо. Инфлацијата не попушта и повторно во март имавме двоцифрена бројка односно 16,8 отсто. Според пресметките на синдикатот, за да преживее едно четири члено семејство во февруари потребни се 50.909 денари , или над две минимални плати , но ако го слушаме министерот за економија, оваа пресметка била грешна . Тој пресметал дека потребни се помалку од 2 минимални плати .
Кристина Алексиеска